Зборуваат за заштита на албанскиот јазик, а не го почитуваат македонскиот: зошто Ахмети и Османи не се обратија на македонски јазик?
Бујар Османи немаше конкретен одговор зошто Али Ахмети и Зијадин Села не се обратиле на македонски јазик, додека зборуваат за мултиетничка држава.
„Денеска како што најавив за неколку минути ќе добиете транскрип на македонски јазик од говорите на двајцата лидери“, рече само кратко Османи.
Во јавноста пак се покрена прашањето: „Зборуваат за заштита на албанскиот јазик, а не го почитуваат македонскиот, затоа што нема превод“.
Дури на прашањето, кои ќе бидат чекорите на ДУИ за Груби кој се најде на т.н. „црна листа“, Османи рече: „Во текот на денот ќе ги добиете транскриптите, и таа изјава“, бидејќи немаше македонски превод.
Османи на албански јазик го праша Ахмети дали ќе зборува уште еднаш по ова прашање, за да го преведе симултано, а тој се насмеа и одби.