Македонија

Потврдени се сомнежите за несоодветно лекување на Онкологија, а опостојуваат и сомнежите дека пациенти не добивале терапија, вели Обвинителството

Пациенти биле несоодветно лекување на Онкологија, потврдиле вештачењата кои Обвинителството ги добило од соседна Србија. Ова на брифинг со новинарите, го соопшти скопското Обвинителство, кои посочија дека се чека и второ вештачење кое се прави во Словенија. И натаму опстојуваат сомнежите дека на некои пациенти не им е давано терапија, иако е препишувана на нивно име.

„Испративме истории во Србија, околу 16 истории со што тоа вештачење е изготвено и ние доставено на нас. Другото вештачење по однос на останатите 51 историја – тоа се уште не е готово и имаме прелиминарен извештај дека до крајот на јануари ќе биде готов и тој извештај“, велат од скопското Обвинителство и додаде:

„Нашите сомнежи по однос на несоодветно лекување се потврдени со вештачењето од Србија, а другото вештачење не можам да го коментирам. Се надевам дека тогаш би ја затвориле истрагата“.

Непотврдени останале сомнежите дека имало продажба на скапата биолошка терапија во странство. Шефот на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски, посочи дека истрагата за овој случај е при крај.

На почеток