Македонија

(Видео) Војната на Апасиев и Стојаноска продолжи: тој и возврати за купувањето на хотел

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, возврати на тврдењата од Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, дека тој купува хотел кој се вика „Опера“ во Скопје. Според него, тоа е клевета, ама па, понуди таа да се откаже од патни трошоци, за тој да и даде да преспива во хотелот.

„Богаташката Дафина од ДПМНЕ со шесте стана, лажела и клеветела по поткасти дека, пази молим те, сум имал ХОТЕЛ у Скопје!? Ај пренесете и на колегињица – нека се откаже она од ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ шо ги крка од Собрание и доживотно ќе и дадам да преспива у “хотелов” два пати неделно, сама (ако мајка и уште не и го дава клучот од становите у Скопје)“, напиша Апсаиев.

Стојаноска и Апасиев долго време водат „војна“. Таа започна во Собранието, кога тој ја нарече „богаташка“ бидејќи нејзината мајка поседува повеќе станови во Скопје, а таа патува постојано за Гостивар каде живее. Стојаноска му возврати на Апасиев и во „Претрес“, притоа посочувајќи дека во редовите на пратениците има пратеници кои уста не отвориле, но и такви мои се милијардери. За Апасиев кажа дека купува хотел додека ја напаѓа неа.

Целиот поткаст:

На почеток