Скоро низ цела Македонија има ниски температури утрово
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и во Гевгелија.
До 7 часот утринава највисока снежна покривка е измерена на Попова Шапка, и тоа 40 сантиметри, 27 сантиметри во Маврови и 5 сантиметри во Крушево.
Во продолжение, на табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени ова утро до 7 часот по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.