(Видео) Русковска vs Русковска: Спорно и е ако Мицкоски одговара на прашања за предмети, но не и ако Заев и се јавува за предмети
Вилма Русковска го искритикува премиерот Христијан Мицкоски бидејќи одговарал на новинарски прашања за предмети кои ги води Минситерството за внатрешни работи. Според неа, тоа мешање на извршната власт во судската власт.
„Кој е премиерот да дава такви информации и изјави? Тоа е мешање диркетно на извршната власт во судската власт. Затоа постои министер за внатрешни работи кој треба да одговори на новинарски прашања и се. Не смее премиерот тоа да го прави“, рече Русковска во „Топ тема“.
Истовремено, Русковска во поткастот „Претрес со Ландов“ во октомври рече дека контактирала со претходниот премиер Зоран Заев кој и барал преквалификација на делото за „27 април“, но и се јавувал и за Рашковски. Не го пријавила и не гледа ништо спорно.