(Фото) Објавени потерниците за Груби и Бајрами
Ексвицепремиерот Артан Груби и ексдиректорот на Државна лотарија Перпарим Бајрами се бараат и официјално со потерница. Нивните ликови се и на веб-страницата на МВР, каде стои дека потерницата е меѓународна, по барање на Обвинителството.
„Артан Груби, татко Сакип мајка Зухра род.07.06.1977 год. во Скопје каде и живее на ул.Струмичка бр.5/2-4,Чаир. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО Скопје со Наредба бр.XVII KO бр.4232/24 од 17.12.2024 год. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ на РСМ“, стои во потерницата за Груби.
„Перпарим Бајрами татко Фатмир мајка Хасибе род.10.02.1993 год. во Куманово, а живее во с.Ваксинце бб, општина Липково. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО Скопје со Наредба бр.XVII KO бр.4232/24 од 17.12.2024 год. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.1 в.в. чл.22.од КЗ на РСМ“, стои во потерницата за ексдиректорот на Лотарија.