СДММ: Власта во режимски стил им го одзема гласот на средношколците
„ВМРО-ДПМНЕ, во свој режимски и познат стил повторно се обидува да ги стави под контрола средношколците“, вели Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ и додава:
Без јавна расправа, власта ги турка измените на Законот за средно образование, со кои директно се кршат правата на средношколците да се организираат и претставуваат како единствена сила.
Во законските измени, во делот на ученичко организирање, избришан е Сојузот на студенти – единственото тело кое ги обединува средношколците на национално ниво и се залага за нивните интереси. Со тоа буквално ја затвораат секоја можност средношколците да се борат за себеси.
Им се одзема гласот. Им се одзема правото да одлучуваат. Кому сметаат здружени и силни?
Овие законски измени го нарушуваат основното право да бидеме дел од демократските процеси во нашето општество. А, тоа многу нè потсетува на едно друго време, на еден режим и контрола врз образованието, кога бевме принудени да се организираме преку пленуми за да си ги одбраниме правата.
Отстранувањето на Сојузот на средношколци е само дел од пакетот штетни измени на законите за образование, кои оваа власт ги турка по брза постапка.
Овие измени се спротивни и на препораките на УНИЦЕФ, кои бараат системски и континуирани решенија за надминување на бариерите и создавање функционална поддршка за децата со попреченост.
Зошто вакви суштински важни законски измени се туркаат на „брза лента“, без јавна дебата? На одржување јавна дебата апелира и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Образованието мора да биде натпартиска и надетничка тема.
Затоа, Социјалдемократската младина на Македонија, апелира да се прекине со носење инстант решенија, кои се на штета на учениците.
Образованието е тема за која е потребен консензус, јавна дебата и широки консултации. Се работи за нашата иднина, не сакаме да се враќаме назад!
Ние бараме квалитетен и модерен образовен систем, каде секој има право на глас, каде секој е заштитен и каде образованието е ослободено од дискриминација и политички притисоци.