Македонија

Струјата од Нова година поскапа – познато за колку

Од први јануари, нема да има ценовен шок за ценатс на струјата. Сметките во просек ќе бидат повисоки за околу 1 проццнт во зависност од тарифните блокови.

Во првиот блок струјата ќе поскапи за 0,68%, во вториот блок за 0, 90%, за корисниците во третиот блок 1,93% и за најголемите потрошувачи на струја од четвртиот блок за 2,24 проценти.

Според пресметките ако до сега едно семејство плаќсло 2.000 денари месечно за струја и е во првиот блок, од Нова година ќе плаќа 13,6 денари повеќе.На просечна сметка за струја од 2.300 денари, ќе има зголемување од околу 21 денар.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, на прес-конференција информираше дека ЕВН Хоме на почетокот на месецот доставиле барање цената на струјата за домаќинствата да се зголеми за 4,4 проценти. Ова, рече е коригирано со цел да се заштити стандардот на граѓаните и да не се предизвика голем ценовен шок.

На почеток