Груби го напушти ДУИ, партијата го повика да се соочи со правдата
Артан Груби го напушти ДУИ, партијата која го донесе до највисоките партиски и државни функции.
Груби се повлече, пред партиските органи да донесат таква одлука, изјави организацискиот секретар и пратеник, Блерим Беџети во гостување на ТВ21.
Беџити вели беше јасен дека дека ДУИ е партија која ги почитува, ги прифаќа и има сериозен пристап кон одлуките на Стејт Департманот за таканаречената црна листа на која се најде и Артан Груби.
Беџети не знае детали за бегството на Груби за кој веќе е распишана меѓународна потерница.
,,Груби јавно го повикувам, во име на партијата и во мое лично име, да се пријави пред органите на правдата, за да се соочи. Значи, станува збор за случајот со Држана лотарија, а не за црната листа на САД, тоа е нешто друго. Како секој граѓанин, и како носител на јавна функција, ако е чист како што кажува или пак прекршил закон, тоа треба се констатира во органите. Се надевам дека поскоро ќе се соочи, тој, и многу други”, рече Беџети.