Владата се откажа од Предлог законот средното образование
Владата го повлече од собраниска процедура новото законско решение за средното образование.
Ова го соопшти претседателката на собраниската Комисија за образование, наука и спорт Иванка Василевска.
Илире Даути и Арбана Пашоли од коалицијата на Европскиот фронт изразија задоволство од повлекувањето на Законот, посочувајќи дека не се согласувале со неколку ставови во овој закон, особено со член 54 со кој се предвидуваше интонирање на државната химна, за што одлучува основачот, на прослава на денот на средното училиште на почетокот и на крајот на наставната година и завршувањето на средното образование.
Според Даути, тоа треба да ја рефлектира мултинационалната разноликост и потребна е дебата за ваков закон.