Македонија

Студено време и покрај сонцето

Денешното неделно утро во Македонија донесе многу студено време, па така речиси насекаде температурите се спуштија под нулата, но времето засега насекаде е ведро и сончево, но полека од запад надоаѓа поголема облачност, која е знак на големата промена на времето која ја најавив и доаѓа веќе од утре (понеделник) уште од утринските часови.

Најстудено утринава до 7 часот беше на Попова Шапка со измерена минимална температура од -8 степени. Од градовите пак најстудено во исто време беше во Крушево со измерени -6 степени, а највисока минимална температура утринава е измерена во Гевгелија, и тоа 3 степени.

Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и останатите минимални температури измерени утринава до 7 часот по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.

Инаку снежната покривка утринава до 7 часот изнесуваше 32 сантиметри на Попова Шапка, 29 сантиметри во Маврово, и 5 сантиметри на Ѓуриште.

На почеток