Бесплатен превоз за невработени, паричен надомест за пензионери, солидарен фонд за средношколци, предлага Левица во буџетот на Град Скопје
„Советничката група на Левица во Советот во Град Скопје поднесе 10 амандмани на Буџетот и предлог програмите на градот за 2025 година“, велат од Левица и додаваат:
Во поднесените амандмани ги предлагаме следните мерки:
– Еднократна парична помош за пензионери со ниски пензии (пензии до 20.000 денари),
– Набавка на еколошки дрва со цел намалување на загадувањето на воздухот;
– Бесплатен јавен превоз за невработените лица – жители на град Скопје;
– Субвениции за граѓани и фирми за набавка на филтри за оџаци;
– Еднократна парична помош за лица и семејства кои се нашле во состојба на социјален ризик ( природна непогода, болест или смрт во семејството…)
– Топол оброк за социјално ранливи категории на граѓани;
– Тековно одржување на домови за стари лица;
– Отворање на солидарен фонд за средношколци од социјален ризик ( за субвенционирање на трошоци за матура, екскурзии и сл.),
– Субвениции за набавка на инвертер клими за семејства од социјален ризик;
– Дополнителни средства за културни манифестации.
Дел од мерките ги предложивме со цел намалување на енормното загадување во главниот град, а остатокот се социјални мерки со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните во надминувањето на тешката економска криза предизвикана од енормното зголемување на цените на основните прехрамбени продукти.
Се надеваме дека предложените амандмани ќе бидат изгласани на седницата на Советот на Град Скопје која што е закажана за денс во 11 часот.