Македонија

Готово е вештачењето за исправноста на автобусот кој излета кај „Мавровка“, управуван од возачот кој почина пред пет дена

Скопското обвинителство го има добиено вештиот наод за автобусот кој се качи на жардењера кај ТЦ „Мавровка“, а управуван од шоферот во ЈСП, Февзи Арифи, кој почина пред пет дена. Од Обвинителството за „Скопје1“ не споделуваат детали за тоа дали автобусот бил исправен или сепак, неисправен како што тврдеше шоферот. Нема одговор ниту на прашањето, дали има осомничени.

„Вештиот наод е доставен до Основното јавно обвинителство Скопје. Се уште се преземаат други дејствија. По целосно испитување на настанот, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, велат кусо од Обвинителството.

Настанот се случи пред пет месеци, односно на почетокот на месец јули, кога автобусот со патници влета над бетонската ограда. Сега починатиот шофер Арифи, тврдеше дека автобусот е неисправен, како и дека неисправни автобуси се пуштаат во сообраќај.

„Ова што денеска овде го правиме е во чест на нашиот починат член Февзи, кој ненадејно, меѓутоа очекувано, затоа што, по она што се случуваше во ЈСП изминатите месеци беше жив хорор. Едноставно не издржа на притисоците кои се вршат од ЈСП“, рече Гоце Делчев Тодев од „Конфедерацијата на Синдикалните организации на Македонија“ на прес пред ЈСП.

Негови колеги сведочат дека Арифи бил под стрес откако се случи несреќата, а ќе го паметат како прфесиоанлец. Дел од нив посочуваат: „обвинувањата дека тој е виновен за несреќата ги доживеал како траума“, за што сведочи и снимката со неговата изјава пред базата на ЈСП, кога раскажа што се случило во критичниот момент.

(Видео) За малку да се преврти: Автобус на ЈСП се качи на жарденери кај Мавровка

На почеток