Македонија

Беџети: Меџити и Стоиљковиќ се украс во Владата

Во Собранието на дневен ред се четири интерпелации кои коалицијата „Европски фронт“ ги поднесе за работата на четворица членови на Владата. Таа има забелешки за работата на вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик, Астрит Исени.

„Меџити и Стоиљковиќ не беа на висината на своите обврски, на прославата на Денот на албанското знаме. Наместо да ги смируваат меѓуетничките тензии, поради непостапување, тие се одговорни за настаните. Немаа храброст да побараат оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, затоа што полицаец го симна албанското знаме од столбот. Ако имате и малку политички дигнитет ќе си поднесете оставка, барем поради политичка одговорност, во спротивно на вас ќе гледаме како на украс во Владата”, рече Блерим Беџети.

Како одговор на обвинувањата. вицепремиерот Изет Меџити рече дека целта на интерпелацијата е да скријат криминалните дејства на Европскиот фронт, за кои посочни дека се целосно корумпирани.

„Секој ден ДУИ се обидува да вметне национални теми за да го оттргне вниманието на албанските деца кои се вознемирени, бидејќи со години на избори сте го барале нивниот глас, не за нивните интереси туку за своите бизниси, струја, тргување, имоти, казина“, рече Меџити.

Како што најавија СДСМ и Левица нема да ги поддржат интерпелациите на Европскиот фронт.

На почеток