Македонија

Гаши објаснува, изгласувањето на интерпелацијата на Даути не значело и нејзино разрешување

Собранискиот спикер Африм Гаши, преку соопштение дообјаснува то значи изгласувањето на интерпелацијата за пратеничката Илире Даути, претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади.

,,Изјавите на одредени медиуми кои велат дека резултатот од гласањето за интерпелација наложува разрешување на г-ѓа Даути се неточни. Нагласуваме дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство.Именувањата и разрешувањата се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот”, стои во соопштението од Собранието.

Собранието на Република Северна Македонија, посочуваат, останува цврсто на заложбата за зачувување на институционалниот интегритет, почитување на законите, Деловникот, Уставот и обезбедување на транспарентност во сите собраниски процедури.

Останува нејасно што значи изгласувањето на интерпелација и ако тоа не повлекува и разрешување за што денеска дебатираа и се караа пратениците.

Инаку интерпелацијата ја поднесе Левица, бидејќи Даути не сакаше да закаже седница на Комисијата во врска со Законот за бранители, предложен од СДСМ, чии пратеници денеска не беа во собраниската сала.

На почеток