Свет

(Видео) Уште една синагога во Сиднеј испишана со антисемитски графити

Синагога во Сиднеј е испишана со антисемитски графити, соопшти од полицијата, еден ден по антисемитскиот вандализам во главниот град на Нов Јужен Велс.

Австралија во изминатата година забележа серија антисемитски инциденти, вклучувајќи графити на згради и автомобили во Сиднеј, како и подметнат пожар во синагога во Мелбурн, кој полицијата го опиша како тероризам. Во последниот инцидент, полицијата соопшти дека била известена за графити на синагогата, лоцирана во предградието Њутаун.

Куќа во источниот дел на Сиднеј, центарот на еврејската заедница во градот, исто така беше обложена со антисемитски графити, соопшти полицијата, додавајќи дека тие исто така ги истражуваат навредливите коментари на уличен плакат во предградието Мариквил.

Специјална полициска единица беше формирана вчера за да го истражи нападот на синагогата во јужниот дел на Сиднеј во предградието Алавах во петокот во раните утрински часови.

„Нема место во Австралија, нашата толерантна мултикултурна заедница, за овој вид криминални активности“, рече во петокот австралискиот премиер Ентони Албанес, осврнувајќи се на инцидентот во синагога во јужен Сиднеј.

Австралија бележи зголемување на антисемитските и исламофобични инциденти откако Хамас го нападна Израел во октомври 2023 година и Израел ја започна својата војна против Газа. Некои еврејски организации нагласија дека владата не презела доволно мерки како одговор.

На почеток