Свет

Бугарија остана без гас од Азербејџан: Зошто е прекинато снабдувањето со гориво?

Бугарската државна компанија за гас „Булгаргаз“ на 9 јануари објави дека била известена за прекин во снабдувањето со гас од Азербејџан на 6 јануари и дека снабдувањето се очекува да биде обновено на 11 јануари. Како причина наведува „неодредени“ технички проблеми, објави Туркије тудеј.

„Булгаргаз“ истакна дека заменскиот гас е купен во Турција.

„Нарушувањето на снабдувањето не предизвика дополнителни трошоци за компанијата за набавка на заменски природен гас и не влијаеше на пазарот на гас во регионот“, се вели во соопштението од 9 јануари. Беше констатирано и дека ваквата состојба е дополнителен поттик за диверзификација на изворите на природен гас.

Наводно снабдувањето е прекинато поради проблеми на платформата „Алфа“ на „Бритиш петролеум“ во гасното поле Шах Дениз.

На почеток