(Видео) Хаос меѓу студентите во Белград
Седуммина студенти, кои беа дел од ноќната блокада на Правниот факултет во Белград, повредени се во инцидент што го предизвикале непознати лица, соопштено е преку Инстаграм профилот “Студенти у блокади”. Тие објавија дека се случени три инциденти. Според објавата, напаѓачите се однесувале агресивно, гаѓајќи студенти со стаклени и пластични шишиња.
Pravni fakultet: "Prema informacijama koje trenutno imamo od svedoka, uhapšeno je samo jedno lice od navodnih šest lica koji su učestvovali u večerašnjem napadu na studente!" pic.twitter.com/d6kX9vUZDz
— Studenti_U_Blokadi (@studentblokade) January 14, 2025
„Една студентка беше турната низ скалите и падна на главата. Таа заедно со уште пет студенти од Правниот факултет, се пренесена со возило на итна помош до Ургентниот центар, за да им биде дадена прва помош“, напишале студентите.
Објавен е и видео запис на кој се гледа како полицијата приведува маж за кого студенти тврдат дека бил еден од напаѓачите. Според информации на студентите, притворено е само едно лице од шестмината кои биле вклучени во нападот на студентите.
Претставниците на властите тврдат дека сите барања се исполнети и ги повикуваат студентите да ги отворат факултетите.
Академците, пак, соопштуваат дека барањата се делумно исполнети и дека не се откажуваат од блокадите, кои продолжиле и за време на празниците.