Манипулативни, тенденциозни и ги отфрламе обвинувањата дека Зоолошката градина е позната како куќата на стравот, вели Арсовска преку адвокат
Градоначалничката Данела Арсовска и Зоолошката градина го демантираат советникот во Град Скопје Стефан Ќирков кој речe: „Зоолошката градина е позната како куќата на стравот и тоа доволно кажува за владеењето на Арсовска“.
„Тврдењата кои ги пронесувате од лицето Стево Ќирков дека „Зоолошката градина е позната како куќата на стравот, и дека менаџментот на зоолошката градина и градоначалничка не си го сака Скопје и зоолошката градина, со тоа што направи низа промени на директори таму од причини познати само кон неа“, се манипулативни, тенденциозни и категорично ги отфрламе обвинувањата како неточни и невистинити“, вели лицето Трајче Арсов кој се претставува како нејзин адвокат заканувајќи се дека со тужба за навреда и клевета во нејзино име и во име на ЗОО-Скопје.