Лекарот и советник на Мицкоски, Игор Николов, предложен за амбасадор во Франција
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека еден од неговите советници, Игор Николов, кој го советувал за здравствена политика, е предложен да биде наш нов амбасадор во Франција.
„Еден од советниците којшто беше со полно работно време е професор доктор Игор Николов. Тој беше мој советник во делот на здравствената политика, а договорот ќе му престане бидејќи во текот на вчерашната седница беше предложен од страна на Владата да биде нов амбасадор на нашата држава во Франција“, изјави Мицкоски.
Премиерот претходно соопшти дека има вкупно 17 советници.
„Вкупно имам 17 советника. Сите советници, ќе ги имате имињата, сите тие 17 советници земаат плата во вкупна вредност од 60 илјади денари. Со исклучок на оние кои се на полно работно време, тројца или 4-ца кои се во владата, имаат хонорари од 90 илјади денари месечно“, рече Мицкоски.