Пензионерите со поддршка на студентите: Тие ќе ја ослободат Србија од недемократија
И пензионерите застануваат во поддршка на студентите во Србија. Тие во среда, 5 февруари, во 10:30 часот ќе организираат протестна прошетка од Плоштадот Република до Студентскиот плоштад.
Оваа информација ја потврди Јован Тамбуриќ, претседател на Здружението на синдикати на пензионирани воени лица на Србија.
Според него, на Студентскиот плоштад, ќе се сретнат со студентите, ќе им се обратат, а потоа ќе оддадат почит на жртвите од несреќата на Железничката станица во Нови Сад, како и на пензионерите кои настрадаа во пожарот во домот за стари лица „Ивановиќ“ во Барајево.
,,Со овој собир сакаме да им дадеме поддршка, да ги охрабриме и да им покажеме дека ние, пензионерите, стоиме зад нив. Се радуваме на нивната борба и веруваме дека ќе ја ослободат Србија од недемократијата, непочитувањето на Уставот, законите и узурпацијата на националните богатства и граѓанските слободи”, рече порача Тамбуриќ кој очекува масовен одзив на пензионерите, бидејќи, како што вели, тие и претходно присуствувале на собирите организирани од студентите.