Македонија

Посериозна реакција и зголемување на ресурсите за пронаоѓање на Миле бараат роднините, секој може да се придружи и на потрагата која ја прават пријателите

Семејството очајно бара помош за пронаоѓање на 28-годишниот Миле Тодоров по кого се трага четврти ден. Алармираат дека институциите треба да бидат поажурни, а и самите трагаат по момчето. Засега нема никакви нови детали, освен информацијата дека е пронајден телефонот.

„Лицето Миле Тодоров веќе 4ти ден го нема излезен е на 30.1.2025 од дома и не е вратен, облечен е во работничко одело бело палто и црн елек последен пат виден кај село Марена ве молиме за помош веќе неколку дена. Полицијата, роднините и другарите на Миле трагаат но тоа не е доволно се покажа како не успешно. Исчезнување на млад човек не е занемарување мора да се сфати сериозно. Бараме посериозна реакција и зголеување на ресурсите“, пишува Ристо Недев во апелот.

Тој објави дека собирното место за тие што сакаат да се приклучат во потрагата денес (понеделник) во 08:00 на Градски парк во Неготино.

„За оние кој сакаат да земат учество а не се во можност да дојдат на собирното место во Неготино нека се обратат на следните броеви
078/909-481, 075/691-727“, напиша тој.

Претходно, беше објавено дека тој бил на работа, дал отказ, но бил смирен. Заминал и оттогаш му се губи секоја трага. Според семејството немал здравствени проблеми.

На почеток