(Видео) Се изгради зграда за социјално ранливите семејства во општина Велес
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2025/02/07022025_MICKOSKI-1.jpg)
„Нема како, а да не е човек задоволен, кога може да направи некој друг да биде среќен и задоволен, како што јас успеав да видам двајца корисници на овие станови, кои што се позади мене овдека изградени од страна на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор“, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
„Мислам дека што повеќе вакви згради и што повеќе среќни лица, тоа е и поголема нашата мисија и поголемо е задоволството наше.
Еве, директорот кажа дека тука не застануваат, го спомена Битола, акцијата што ќе ја прават во Битола, со цел намалување на цената на квадрат станбена површина таму. И ценам дека така треба да се продолжи во периодот кој што следи.
Ние како Влада продолжуваме да работиме, да испорачуваме тоа што сме го ветиле на граѓаните, така што уште еднаш еве и јас се приклучам на желбите за спокоен дом, за многу среќа, многу радости во овие домови на идните корисници и да ни се множат уште вакви објекти и уште многу среќни луѓе, кај нас дома во Македонија.“, изјави Мицкоски
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)