Македонија

(Видео) Првото и последно интервју на Игор Југ: Силни пораки кои вознемирија многумина

Првото и последно интервју, Игор Југ го даде минатото лето во „Претрес со Ландов”. Разговорот шокираше, изненади но и вознемири многумина.

Игор Југ доби 9-годишна затворска казна за настаните на 27 април. За тоа кажа:

„Ниту сум имал намера да влезам, ниту сум знаел да ќе се отворат вратите, ниту сум носел пиштол. Захарије Симовски призна дека носел пиштол во Собранието, а тврдеше и дека и Игор Југ и Јане Ченто носеа пиштол ама не ги извадија тврдеше тој по нарачка на Вилма Русковска за да биде амнестиран.Јас сум контраверзен, но не сум кварен, не сум лажов и не сум манипулант. Јас ќе ти кажам што мислам нема да ти работам зад грб”, рече Игор Југ.

Говореше и за екс премиерот и екс лидер на ВМРО-ДПМНЕ: Груевски прв нè нападна, старите вмровци беа оставени на маргините.

Човекот кој што рече не седи по влечки, излези надвор, бори се за својата држава, бори се за својата држава, тој истиот човек, прв нè нападна. Не ги дочека првите петли. Рече насилниците да бидат настрого казнети. Нели е така? Никола Груевски“ одговора Игор Југ во Поткастот „Претрес со Ландов“ на прашањето кои се тие кои го наместиле како што посочи во 2018 година.

Говореше и за голготата на неговото семејство:

„Toa што го помина моето семејство не го посакувам на ниту едно семејство, дури ниту на семејството на господинот од Муртино, Зоран Заев па дури и на Ќурката, така го викавме”.

Игор Југ шокираше многумина со изјавата: Реформаторите ми дадоа безобразна понуда да го наместам Груевски за да излезам од затвор.

Целиот поткаст и пораките на Игор Југ во видеото:

На почеток