Македонија

Што порача Игор Југ во последнната објава

Неколку часа пред да почине, на ФБ Игор Југ напиша дека секогаш ги одржувал ветувањата и дека нема да лиже каде што плукал.

„Во ормарот имам две одела. Едното е она во кое скоро сите ме препознавате, во онаа другото многу малку луѓе ме имаат видено.
Пред многу години си ветив себеси и на фамилијата дека тоа одело никогаш нема да го извадам од ормарот и веќе никогаш нема да го облечам.

Тоа одело го симболизира стариот јас, Игор Југ, кој 99% од вас не го познаваат, неговата црна страна.

И ќе си го одржев зборот, мразам да лижам кај што сум плукнал, секогаш ги одржувам ветувањата.

Но постапките на некои луѓе во изминативе години ме тераат со сила повторно да го облечам старото одело и да се вратам на стариот начин на функционирање.

Едноставно, преку некои работи и понижувања не се поминува.

Едно само нека знаат тие што ме тераат да им се покажам во оделото кое со години го ставив во заборав.

Ако еднаш го облечам старото одело, додека не умрам нема да го соблечам. А последиците на проклетството кои тоа одело ги носи, ќе ги почувствувате вие, господа, кои со своите идиотски постапки ме натеравте да го извадам оделото кое никому не му е донело добро!

P.S. Го пробав, сè уште добро ми стои, а и сè уште добро функционирам во него и знам да ги користам неговите моќи“, напиша Игор Југ.

На почеток