Во пресрет на летото, пак се гори трската во струшкиот дел на брегот од Охридско Езеро
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/03/Screenshot-2022-03-23-200222.png)
Пред почетокот на новата летна сезона, повторно гори трската на брегот од Охридското Езеро, во Струга. Овој дел е под заштита на УНЕСКО, а изминатите години на местата од изгорените површини се појавија монтажни објекти и реквизити, но и тврди објекти – сите дивоградби.
„На 08.02.205 во 14.40 часот во ОВР Струга е пријавено дека пред хотел на струшкото крајбрежје на Охридското езеро настанал пожар на трска, која е заштитена со закон. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга“, велат од СВР Охрид.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на настанот.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)