Медиасет

Јелена Карлеуша остана без профил на Инстаграм откако го бранеше Вучиќ

Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша, кој беше еден од најследените на Балканот, е затворен.

Имено, исчезна профилот кој го имала со години на кој ја следеле околу 2 милиони и 400 илјади луѓе. Веќе со денови на социјалните мрежи владее вистинска драма, откако Еко гард покрена петиција за затворање на Инстаграм на Карлеуша.

Јелена влегуваше во директен конфликт и се стегаше со корисниците на Инстаграм. Јелена Карлеуша, видно бесна, на својот Инстаграм профил откри дека профилот на нејзината помала ќерка Ники е деактивиран.

Имено, пред неколку дена беше покрената петиција за затворање на нејзиниот профил поради јавната поддршка што ја даде на Вучиќ.

На почеток