Македонија

Караница за сообраќај резултирала со вадење пиштоли и убиство во Чаир

Недоразбирање во сообраќај е причината за расправијата во Чаир. По караницата, почнало пукањето. Неофицијално, според дел од медиумите, кавгата поточно била за паркинг место.

Во пукањето, Хебиб Буњаку, син на Екрем Буњаку кој е ексфункционер на ДУИ, бил погоден со еден куршум што го усмртил на лице место. Другото лице, има две прострелни рани, но не е во животна опасност. Има и трето повредено лице кое е на лекување на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Пукањето се случило на полноќ.

На почеток