Владата се реши за разрешување на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски


Владата го задолжи Министерството за правда да преземе активности за поведување на постапка за разрешување на државниот јавен обвинител.
„Разочарувањето на Владата за постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на правната држава“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева.
Таа образложи и аргументи за разрешувањето.
„Се отвори расправата за последниот индекс на транспарентност, од каде можеше да се види дека четири точки се однесуваат на состојбите во Обвинителството и судството. Дополнително, последното именување за в.д. шеф на Вишо јавно обвинителство е одлука која е незаконска“, рече Митева.
