Македонија

Владата со одлука како да се намалат цените низ маркетите

Портпаролката Марија Митева кажа дека Владата расправала за високите цени во маркетите. Наскоро ќе има нова маржа, со која, треба да се намалат цените кај голем дел од производите.

„Одлука за 10 процентно ограничување на маржата за трговија на мало и големо на основните прехрамбени производи, на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници. Но истата да се дополни со средствата за хигиена како што се детергентите, но и со бебешка храна и други непрехрамбени производи кај кои има голема маржа. Очекуваме да бидат вклучени над 100 групи на производи. Оваа мерка се очекува да трае од нејзино донесување, што ќе биде бргу од денеска, се до 30.04“, рече Митева.

Задолжено е и Министерството за економија да одржи состанок со инспекторатите кои ќе предложат решенија за да трајно се реши овој проблем.

На почеток