Свет

Околу 75.000 федерални работници доброволно ги напуштија своите работни места, синдикалните лидери велат дека „не може да му се верува на Трамп“

Околу 75.000 американски федерални работници ја прифатија понудата од администрацијата на претседателот Доналд Трамп доброволно да ја напуштат службата, изјави доцна во средата портпаролот на Канцеларијата за управување со персоналот на САД.

Програмата за доброволно заминување е еден од многуте пристапи што Трамп ги презема за да ја намали федералната работна сила од 2,3 милиони луѓе, кои тој ги обвини дека се неефикасни и пристрасни против него.

На функционерите им било кажано да се подготват за отпуштање до 70 отсто од персоналот во некои агенции, велат изворите.

Синдикатите ги повикаа своите членови да не ја прифаќаат програмата за доброволно заминување и предупредија дека не може да му се верува на Трамп да ја почитува.

Понудата ветува дека ќе им се исплаќаат редовни плати и бенефиции на вработените до октомври без да мора да работат, но тоа можеби не е баш така. Сегашните закони за трошење истекуваат на 14 март и нема гаранција дека платите ќе бидат финансирани по тој момент.

Трамп го именуваше милијардерот Илон Маск да раководи со новосоздадената Канцеларија за владина ефикасност, која ги прочистува платите и персоналните досиеја во обид да го намали тој дел од федералниот буџет, кој беше 6,75 трилиони долари минатата година, за трилион долари. Платите за цивилните федерални работници сочинуваат помалку од пет проценти од вкупниот буџет.

На почеток