Свет

(Видео) Србија се сретна на Сретење, Крагуевац испиша историја

Непрегледна маса народ, на Денот на државноста цели 15 часа го блокираа булеварот Лепенички и поширокиот центар на Крагуевац. Повод и овој пат 15-те смртни случаи при уривање на настрешница на 1 ноември минатата година, а Крагуевац беше избран бидејќи во 1835 година беше донесен токму тука првиот модерен Сретенски устав.

Screenshot

Студентите пеш дојдоа од цела Србија, за да го изразат своето незадоволство. Но дојдоа и нивните родители, баби и дедовци, професори.Реки колони пристигнуваа од Белград, Ужице, Горни Милановац, Чачак, Краљево, Нови Пазар, Белград, Нови Сад, Ниш, но и од Приштина и цело Косово.Како поддршка пристигнаа луѓе со трактори, велосипеди и моторџии.

На настанот во Крагуевац беше прочитано писмо од студентите:

„Се среќаваме на местото каде што се роди српската државност, во Крагуевац. За студентите, Уставот на Сртење е многу повеќе од обичен историографски факт во нашиот студентски паралелен универзум, уставите постојат за да се имплементираат најважните општествени вредности. Писмо без апликација е бескорисно”, наведуваат студентите во писмото.

Собраните студенти во Крагуевац во 11:52 оддадоа почит со петнаесет минутна тишина на настраданите во падот на надстрешницата на железничката станица во Нови Сад, а втор пат тоа го направија во 23:52. По петнаесет минутната тишина започнаа прошетка на учесниците на протестот „Сретни се на Сретение“ низ главните улици на Крагуевац, која ја предводеа студентите од Крагуевац. На чело на колоната беа знамињата на Србија, Универзитетот во Крагуевац.

Беа поставени 15 празни столици со имињата на настраданите.На столиците биле поставени и бели рози, а граѓаните околу овие столци оставале свеќи.

Студентите се децидни дека продолжуваат со протестите.

На почеток