Свет

Маск се согласува со човекот кој вели дека Зеленски не сака мир, тој сака пари и моќ

Елон Маск ја поддржа објавата во која се обвинува украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги става моќта и парите пред постигнување мир, додека Соединетите Држави се обидуваат да преговараат за крај на руската војна.

„Зеленски не сака мир, тој сака пари и моќ“, напиша во вторникот корисник на X платформата на Маск, на што Маск одговори со емоџито „100“, кое обично се користи како знак на силна согласност со напишаното или како израз на силна поддршка.

Маск претходно ги исмеваше повиците на Зеленски за помош од САД за одбрана на земјата од руска инвазија и ја исмеваше неговата изјава дека Украина е суверена држава која не може да биде принудена да преговара со Русија.

На почетокот на војната, Маск донираше илјадници сателитски интернет терминали Starlink на Украина за да ги замени уништените комуникациски мрежи, поради што првично се сметаше за еден од клучните сојузници на Киев.

Но, тој наратив се промени откако тој почна да го шири она што Украина го нарекува проруска пропаганда преку платформата Х. Оттогаш ја критикуваше американската воена помош за Украина, нарекувајќи ја „неконтролирана и без јасна цел“ и стана остар критичар на Зеленски.

Маск неочекувано се придружи на телефонскиот разговор меѓу Трамп и Зеленски во ноември минатата година. Според тогашниот украински функционер, разговорот бил нормален, а Зеленски му се заблагодарил на Маск за обезбедувањето на терминалот Старлинк.

Преговарачите од Русија и САД се состанаа во вторникот во Саудиска Арабија. Сепак, Зеленски тврди дека овие преговори се воделе без знаење и учество на Киев. На средбата не беа вклучени ниту европски претставници.

Трамп синоќа изјави дека со Украина владеат луѓе кои ја дозволиле војната, што исто така е јасно порака пред се до Зеленски.

На почеток