Скопје

Уапсен уште еден малолетник во Скопје, полицијата врши проверки насекаде

Се почето во билтените на МВР се нотираат апсења на малолетници, фатени со марихуана. И во текот на вчерашниот дел, 17-годишник завршил во полициска станица.

На 20.02.2025 во 14.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Еве ги другите настани:

На 20.02.2025 во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(49) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.02.2025 во 19.35 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.Б.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.02.2025 во 18.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.02.2025 во 20.40 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(20) од с.Идризово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На почеток