Македонија

Маж кој го пцуел градоначалникот на Крива Паланка и се заканувал на вработени во приватна фирма доби кривична

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесена кривична пријава против Л.Д.(53) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

„На 01.02.2025 на место викано „Соларски мост“ во Крива Паланка, пријавениот со уште едно лице попречувале извршување на градежни работи од приватна фирма, им се заканувал на вработените, а упатил и закани кон Градоначалникот на општината“, велат од МВР.

На почеток