Истрагата за Онкологија завршена: не откриваат дали вештачењето од Словенија е готово, ниту дали за сите осомничени обезбедија докази


По повеќе од една година, заврши истрагата за злоупотреби на Клиниката за онкологија. Осомничени беа пет лица, меѓу кои поранешниот медицински директор Нино Васев, организациски директор Нехат Нухи и тројца доктори-онколози. Сега, Обивнителството крие дали за сите лица се обезбедени докази, односно дали и натаму го имаат статусот на осомничени. Посочуваат дека не можат да откријат ниту дали е стигнато вештачењето од Словенија, иако претходно, без проблем на брифинг објавија дека е стигнато вештачењето од Србија. Чуму овие двојни аршини на информирање – исто така не е познато.
„Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка во предметот за злоупотреби на Клиниката за онкологија. Постапката е во фаза во која течат роковите предвидени во Законот за кривична постапка, по што јавноста ќе биде известена во однос на јавнообвинителската одлука и доказниот материјал“, велат од Обвинителството во штурата информација за јавноста.
На брифингот во Обивнителството во декември, оттаму кажаа дека сомнежите за несоодветно лекување се потврдени со вештачењето од Србија. Но до тогаш, непотврдени беа сомнежите дека скапата биолошка терапија се продавала во странство. Обвинителството посочи и дека опстојуваат сомнежите дека пациенти не добивале терапија иако е препишувана на нивно име.
БОНУС:
