Македонија

„СДС да каже до каде се со Груби, му кажаа ли да се врати или му сугерираат да се крие, како што дозволија да краде?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС да каже до каде се со Груби, му кажаа ли да се врати или му сугерираат да се крие, како што дозволија да краде?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ и додава:

„СДС не може со ништо да се испере за криминалот на Груби кој тие го дозволија.

Ниту една измислена кованица за Изет Меџити, не може да направи паралела, ниту да ги ослободи од вината, дека не го апсеа Груби од страв да не им падне владата.

СДС беа исплашени за своите фотелји, и од желба да крадат ден повеќе го гледаа Груби како ја краде државата.

СДС се до толку потонати во криминал и корупција и не можат да исчистат зад себе со ништо што ќе исфабрикуваат“.

На почеток