Карл Билд: Се чини дека договорот има за цел да го израдува Трамп


Поранешниот шведски премиер и копретседавач на Европскиот совет за надворешни односи, Карл Билт, рече дека договорот за минерали меѓу Украина и САД изгледа како „страна приказна од ограничена важност“.
Говорејќи за Би-Би-Си, Билт рече дека договорот „изгледа како нешто што треба да го израдува Трамп“, но дека „нема да донесе значителни финансиски ресурси за САД или да има материјално економско влијание со години“.
Како пример го наведе отворањето на нови рудници, за што се потребни големи инвестиции и се добива приход дури по неколку години.
„Овој договор е повеќе прилагоден на психологијата на американскиот претседател отколку на реалните околности во Украина“, заклучи Билт.
