(Видео) Палевски бара снимки од 10 до 12 часот за да докаже дека не ја убил Вања, a девојчето било ликвидирано пред тоа стои во обвинението


Јовица Страшевски, адвокат на Љупчо Палевски-Палчо тврди дека со снимки одмвидео надзор ќе се потврди дека обвинетиот бил во банка денот кога Вања Ѓорчевска е киднапирана и убиена. Според уплатницата која ја доставил до судот, Палевски бил во банката во Буњаковец во 11:44 минути. Според Страшевски, Палевски чекал ред од 20 до 40 минути, ама снимките точно можат да го утврдат времето.
View this post on Instagram
„Едно е кога е извршена уплатата, друго е дали Палевски чекал ред со посочениот сведок. Тоа сакаме да докажеме, дека Палевски бил и чекал повеќе од дваесетина или 40 минути. Ама снимките точно тоа ќе го утврдат. Не може да биде на две места да биде во исто време. Го побаравме периодот од 10 до 12 часот, за точно да се утврди“, рече Страшевски.
Според обвинението, Вања е убиена пред 10 часот. Исто така, во периодот пред 10 часот, бил запален и „циторенот“ со кој е грабната – што се виде и од снимките од видео надзорните во околината.
Неспорно е дека после ова, возилото „Рено кангу“ се движи низ Скопје. Во 09:49 минути се гледа возилото „Рено кангу“ како се движи на крстосницата на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“ со улицата „Ферид Бајрам“. Ова, според Обвинителството, знача Вања била веќе убиена, а дел од трагите уништени.
Обвинителството го товари Палевски за планер и реализатор на двете убиства, на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
