Македонија

Ќе се бараат снимки од банката во која Палевски уплаќал денот кога е убиена Вања

Судот ќе бара снимки од надзорните камери на „Халк банка“, од 27 ноември 2023 година, кога е убиена Вања, за да види дали и во кој период Љупчо Палевски-Палчо бил во експозитурата на „Партизанска“. Судијата Ивица Стефановски кажа дека ќе се побараат снимките од 9 до 12 часот, а не од 10 до 12 часот, како што бараше одбраната на Палевски. Истовремено, не му беа прифатени другите барања како што е анализа на базните станици каде бил регистриран неговиот телефон на критичниот ден, бидејќи сигналот покажува каде е телефонот, а не сопственикот на телефонот.

Обвинителството реагираше во однос на доказот на Палевски кој му е алиби дека во времето кога е убиена Вања, тој бил во банка. Според обвинителката, од снимките кои се доказ, а потекнуваат од видео надзорот „Сејф сити“, се гледа дека возилото „рено кангу“ управувало од Палевски, на 27.11 во 10 часот веќе се враќа во седиштето на партијата Десна, а уплатницата е реализирана во 11:44 минути.

Сега Палевски ќе се произнесува по однос на сите докази кои беа изведени.

На почеток