Хајрулахи започна прогон на четири обвинители: тврди дека му отвориле предмет без докази, само за да го тргнат од работно место

Од
Објавено на

Суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство-Скопје, поднел кривична пријава против четири негови колеги, меѓу кои е и неговиот шеф, државниот обвинител Љупчо Коцевски.
„Ве информирам дека денеска поднесов кривична пријава против Љупчо Коцевски, јавен обвинител на Република Северна Македонија, Татјана Кацарова, јавен обвинител во ОЈО Штип, Ристо Бојаџиски, Виш ЈО на ВЈО Штип и Ермон Незири, член во Совет на јавни обвинители за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 од Кривичниот законик“, вели Хајрулахи во дописот.
Кривичната пријава е поради предметот кој беше отворен против него. Хајрулахи го отвора прашањето кои истражни дејствија ги презела обвинителката Татјана Кацарова која го гони, за да утврди дека има основано сомнение, тој да е сторител на кривично дело. Според него, наредбата за истражна постапка, без никакво преземено дејствие за да се поткрепи кривичната пријава, била доставена до државниот обвинител Коцевски, само за да му послужи како аргумент за оддалечување на Хајрулахи од работното место.
