Македонија

ВЛЕН обвини: ДУИ го смени законот со кој им забранува на луѓето од црната листа на САД или Велика Британија да заземат јавни позиции

Продолжуваат обвинувањата во албанскиот политички блок.

ВЛЕН обвини дека потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, познат по случајот „Пациент“ се фали дека ДУИ го донела Законот за рестриктивни мерки за оние на црната листа. Но, заборави да спомене дека токму тие, како што велат од ВЛЕН, кога технички премиер беше Талат Џафери, предложија и одобрија измени на законот за рестриктивни мерки.

„Токму ДУИ го смени законот со кој им забранува на луѓето кои се на црната листа на САД или Велика Британија да заземат јавни позиции. Артан Груби, слуга на Груeвски и Мијалков, Бујар Османи, обвинет во случајот Пациент, и двајцата заеднички во служба на класичните антиалбанци. Едниот бегалец и другиот се буни за власт, плачат и тагуваат затоa што народот ги испрати во опозиција. ДУИ е оставена на милост и немилост и само длабоки реформи можат да ја спасат од колапс и да излезе од бездната на криминалот во која потона. ДУИ мора да го прифати фактот и вистината дека сега е во опозиција и не може да диктира и договара тендери за своите пријатели” велат од коалицијата ВЛЕН.

Додаваат дека сега е ерата на ВЛЕН, на конкретни акции за граѓаните и Албанците и за подобар, достоинствен и автентичен живот.

На почеток