Свет

(Видео) Се степаа демонстранти и обезбедувањето пред Собранието на Белград

Масовна тепачка пред собранието на Белград меѓу демомстрантите и обезбедувањето.

Внатре во салата, советниците расправаат за ребаланс на буџетите на градските комунални претпријатија и за планови за урбанистичка регулација.

Граѓанската иницијатива „Мостот останува“ побара да се блокира седницата, бидејќи, според нив, единствени легитимни точки на дневниот ред требало да бидат поддршка на студентските протести и Мораториум за нетранспарентни градежни проекти.
Пред зградата изби масовна тепачка меѓу граѓани и припадници на обезбедувањето. Насобраните се обидоа да ја отстранат заштитната ограда, по што обезбедувањето ја прескокна заштитната ограда и физички ги нападна граѓаните. Ситуацијата во еден момент ескалира во сериозна и масовна тепачка.

Припадниците на обезбедување почнаа да ги удираат демонстрантите, на што тие возвратија. Инцидентот заврши со повлекување на обезбедувањето во кругот на зградата.

На почеток