За СДСМ за интерпелациите за Судски Совет се насилнички и пакосен влез во авторитаризам, за ВМРО-ДПМНЕ злоупотребите на СДС мора да се расветлат


Утре на пленарна седница ќе се расправа за интерпелациите за работата на петтемина членови на Судскиот совет кои се избрани од Собранието.
Власта и опозицијата со различни ставови и обвинувања за состојбите во правосудниот систем.
За интерпелациите за петтемина членови на Судскиот совет, но и постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се незаконски, противуставни, насилнички, и се отворен и пакосен влез на земјава во авторитаризам.
Брзањето со интерпелациите на петтемина членови на Судскиот совет, во услови кога се подготвува нов закон за ова тело, според потпретседателката Ана Чупеска, ги обелоденува вистинските намери на власта, а кои, како што кажа, воопшто не се поврзани со реформските процеси, туку со воспоставување целосна партиска контрола на правосудството.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ активно борејќи сè да го задржи своето влијание во судството преку корумпирани судии и обвинители, ја поткопува независноста на судството и го нарушува принципот на еднаквост пред законот.
,,За да се обнови довербата на граѓаните во судството, потребно е да се воспостават механизми кои ќе осигураат дека судиите ќе донесуваат одлуки во согласност со правото, без политички или економски притисоци. Злоупотребите кои се поврзани со СДС мора да се расветлат, а виновниците да се повикаат на одговорност“, рече Драган Ковачки, ВМРО-ДПМНЕ.
