Македонија

Бугарија се повлече од изградбата на Коридор 8

Нашиот сосед Бугарија, донесе одлука да ги повлече парите што беа планирани за реконструкција на делот од пругата Софија – Ѓуешево.

На ова реагираше министерот за транспорт, Александар Николоски. Тој посочи дека со жалење ја примил информацијата, која е официјален документ од бугарската Влада со кој одлучиле да ги тргнат средствата што биле претходно предвидени за реконструкција на пругата.

,,Остануваме силно посветени на изградбата на железничкиот Коридор 8. Во овој момент, активно се работи на втората секција, во должина од 34 километри, која оди од Бељаковце до градот Крива Паланка. Во јануари ја пуштивме првата секција од Куманово до Бељаковце и остануваме посветени на дијалогот со Бугарија со цел на изнаоѓање заеднички прифатливо техничко решение во однос на тунелот што треба да ги спојува двете држави, изградба на третата секција, затоа што сметаме дека Коридорот 8 е од исклучително значење не само за Македонија туку и за целиот регион и за цела Европа. Тоа е НАТО коридор, втор по значење коридор за НАТО и нашата посветеност останув”, изјави министерот Николовски.

Министерот за транспорт пренамената на парите ја оцени како политичка пропаганда против македонската влада.

,,Донесоа одлука парите да ги пренасочат, со што испраќаат политичка порака за нивната посветеност односно непосветеност за изградбата на железничкиот Коридор 8 и исто така паѓа во вода целата пропаганда која беше водена во изминативе седум месеци против пртеседателот на Владата, првенствено против премиерот Мицкоски и против мене дека имаме нешто проитв Бугарија, дека не сакаме да се поврзуваме, дека имаме некаква оска Атина Белград и слични глупости кои беа дел од пропагандата. Но, на крај вистината излезе а тоа е дека било залажување и пред јавноста и пред европските институции, а намерите биле сосема различни”, изјави Николовски.

Тој соопшти дека утрово испратил писма до европската делегација, европската транспортна заедница и до двете банки – Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.

,,Македонија има потпишани договори за кредит за Коридорот 8 во висина од 350 милиони евра и за истите доколку не се користат, ќе треба да плаќа резервација. А во овој случај, користењето нема да се паузира поради нас, туку поради соседната држава. Затоа, на овој начин ќе се обидеме да го заштитиме финансискиот интерес на државата”, рече Николоски.

На почеток