Македонија

Се запалила завеса, па кровот и паднала конструкција – нови детали за дискотеката каде загинаа 51 лице

Страшна била глетката кога настанал пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Сведоци посочуваат дека од објектот имало само еден излез, а пожарот брзо се ширел. Тие опишуваат дека станува збор за излез кој е 90 х 90, а присутните почнале да се гушат и се направило стампедо.

Според сведоштвата, од пиротехниката се запалила декоративна завеса поставена на кровот, а потоа и цела кровна конструкција. Паднал и таванот, додека присутните се обиделе да се евакуираат.

Дискотеката функционирала долги години. Се менувале сопствениците, но во сопственичката структура постојано имало едно лице кое сега е повредено. Дел од организаторите се во полициските станици, а меѓу нив има и тешко повредени.

Неофицијалните информации се дека објектот, кој е сместен во куќа, имал и дозвола за извршување на оваа дејност. На некои од прозорите имало и решетки, кои биле отстранувани од жителите, кои спасувале гости.

На почеток