Уште двајца од тимот на „ДНК“ загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани

Од
Објавено на

Игор Велков, тонецот на групата „ДНК“ и бит-боксерот Мартин Атанасовски познато како Мартин Буцо, се меѓу загинатите во дискотеката „Пулс“. Вкупно, досега има шест жртви кои доаѓаат од редот на изведувачите.
Од бендот на ДНК досега е потврдена смртта на клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горги Горгиев и придружниот вокал Сара Пројковска.
Владимир Блажев-Панчо е во болница на кислородна поддршка, со изгореници по телото.
