Македонија

(Видео) Бектеши со лисици спроведен во суд, беше прашан дали чувствува одговорност и како ќе се брани

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши е донесен во судот во Кочани, кој треба да одлучи дали ќе му одреди притвор. Тој беше спроведен од Скопје, со лисици на рацете.

Бектеши е еден од осомничените, како лице кое раководело со институција од која била издадена лиценца за работа на дискотеката во која загинаа 50-лица.

Тој не одговори на прашањето – дали чувствува одговорност, ниту како ќе се брани.

На почеток