Сочувство се изразува со поглед кон камера, не мора да прочитате од листот дека срцето ви е скршено!, напиша Академијата за протокол

Од
Објавено на

Академија за протокол упати остра критика кон политичарите, кои изминативе два дена се појавуваат во јавност. Тие посочуваат дека црната боја е боја за жал.
„Господа политичари, и позиционери и опозиционери – ЦРНО е бојата на жал и тага, а не распетлани сини кошули и одела!! ЦРНО! Црно одело, црна вратоврска, Македонија е во жал, срцата ни крварат!!!
Научете нешто од претседателката и новинарите! И сочувство се изразува со поглед кон камера, не мора да прочитате од листот дека срцето ви е скршено!
Ова дури не е ни протокол, ова е обичен разум и логика!“, напишаа оттаму.
