Хрватскиот Сабор со едноминутно молчење им оддаде почит на загинатите во Кочани

Од
Објавено на

Хрватскиот Сабор денеска со едноминутно молчење им оддаде почит на 59-те лица кои завчера загинаа во пожарот во Кочани.
„Загубени се многу млади животи и во име на хрватскиот Сабор сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите и да им посакам брзо закрепнување на повредените“, изјави претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ.
